МВР денес лиши од слобода лице барано со потерница од 2001

Сподели со своите пријатели

Во денешната акција на МВР во селото Ваксинце, покрај приведените мигранти, изврешен и претрес во куќа од каде е приведен и шеесет и осумгодишен жител на селото кој е осуден на затворска казна за убиство коешто го извршил во 2001 година.

Loading...

„Причината за убиството е што пријавените, револтирани бидејќи сега убиениот не се согласувал на брак помеѓу неговата ќерка и синот на приведеното лице, се упатиле кон неговата куќа и по кратка расправија започнале да пукаат кон него при што му нанеле четири прострелни рани. Истиот бил пренесен во Ургентен центар Скопје каде на 8 ми јануари 2001 година им подлегнал на повредите“, изјави Котевски.

Лицето А.Д чие име се наоѓа на официјалната веб страна на МВР во делот  ”потраги”, се бараше по наредба на Основен суд Куманово од 30.05.2001 година година за кривично дело по член 123 (убиство) од КЗ на РМ.

Тој е чичко на Наим и Заим Алили, лица кои од 2001 исто така се наоѓаа на листата за распишани потерници.

Заим Алили во 2008 година беше осуден на доживотен затвор заради убиство на Фатмир Алили (59), командир на полициската станица во селото Матејче, кога беа ранети беа полицајците Јанче Китанов и Слаѓан Костовски.

Наим Алили, брат на Заим,  во 2008 година по распишана потерница во 2001, беше уапсен за тешки кривични дела и тероризам, кога беше осуден на четири години затвор.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.