МВР: Близу три илјади бегалци се регистрирани во последното деноноќие

Сподели со своите пријатели

Како што информира МВР, во текот на изминатото деноноќие, во прифатниот бегалски центар на Гевгелија, издадени се потврди на вкупно 2.797 странски државјани, од кои најбројни се државјаните на  Сирија – 1.126, Авганистан – 880 и Ирак – 791 .

Loading...

Од 19 јуни заклучно со вчера, издадени се потврди на вкупно 300.420 странски државјани и поднесени се вкупно 80 барања за остварување право на азил.

Инаку, економските мигранти кои секојдневно пристигнуваат на јужната граница и понатаму немаат дозвола за преминување на македонската државна граница и покрај протестите кај граничниот камен.

Во текот на вчерашниот ден, повторно дојде до протести и судири со македонската полиција, но МВР засега се` уште нема излезено со конкретни детали за тоа што точно се случуваше на преминот Идомени.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.