МВР: 310 бегалци вчера побарале потврди

Сподели со своите пријатели

Вкупно 310 бегалци побарале потврди во текот на вчерашниот ден за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, информираат денес од Министерството за внатрешни работи.

Од вкупната бројка, 134 се деца придружувани од родител или старател и едно дете бегалец самостоен носител на потврдата, 102 возрасни мажи, како и 73 жени бегалки.

Според државјанството, потврди биле издадени на 222 државјани на Сирија и на 88 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан, со што вкупната бројка на издадени потврди од почетокот на годината до сега изнесува 87.538.

Последното деноноќие до Секторот за азил не биле поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.