МВР: 20.677 издадени потври на бегалци од почетокот на 2016-та

Сподели со своите пријатели

Во последното деноноќие биле издадени вкупно 1.964 потврди на странски државјани, од коинајголем број мажи и деца, односно 847 мажи, 436 жени и 676 деца, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според државјанството најголемиот број од државјаните кои добиле потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, потекнуваат од Сирија и тоа 983, 679 од Авганистан и 299 од Ирак.

Од почетокот на годината заклучно со вчерашниот ден според статистиката на Министерството за внатрешни работи биле издадени вкупно 20.677 потврди на странски државјани. Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија  -8.887, Авганистан – 7.669 и Ирак – 4.117.

Во последните 24 часа нема поднесено барање за признавање право на азил.