Времињата во Вашингтон се чудни и збунувачки. Се зборува за состаноци на политички оперативци со Русија, а Белата куќа е во спор со сопствените разузнавачки служби. Но, сето тоа допринесува за поголем интерес за тајниот све на шпионажата и оди во рака на директорот на Меѓународниот музеј за шпионажа во Вашингтон.
Иако политичките интриги секојдневно се одигруваат само неколку улици понатаму, Музејот на шпионажата се држи подалеку од тоа. Новиот директор вели дека музејот се занимава со факти и објективни информации, а дека политичката реторика ја остава на поранешните разузнавачи и аналитичари.
Loading...
– Службениците кои излегле од администрацијата имаат право да зборуваат што сакаат. Ние се фокусираме на актуелните афери. Наша цел е да ја информираме јавноста низ историјата, односно да ставаме актуелни настани во историскиот контекст, вели Крис Коста, директор на музејот.
Поколвникот Крис Коста е повеќе заинтересиран за едукација на заинтересираната јавност за тоа како од внатре изгледаат техниките на шпионажата, што добро го знае од прва рака, затоа што 34 години работел во разузнавачката служба на американската војска.
Признава дека му требало време да се навикне на улогата директор на Музејот за шпионажа.
– Но, искуството на крајот испадна катарзично, затоа што имам одлична можност на јавноста одговорнода ја ја раскажам својата приказна, додава Коста.
Одејќи низ музејот, директорот се присетува на некогашните тајни операции и еден погрешен чекор во кој е вмешан и сладоледот.
– Прв пат кога се преправав имав вештачки бркови. Не би сакал да зборувам за деталите, но кога ги ставив брковите, морав да јадам сладолед. Дали некогаш сте носеле маска или вештачки бркови додека јадете сладолед во корнет? Бев преплашен дека ќе ми испаднат среде задачата поради тој сладолед, рекол Коста.
Деновите полни со ризик Коста ги оставил зад себе и сега многу сериозно ја сфаќа новата улога, затоа што на јавноста ја претставува и работата на агентите кои во тајност работат тешка работа за зачувување на безбедноста на земјата.
– Тука немате право на грешка. Јас треба да ја претставувам работата на тие агенти, а повторно не смеам да зборувам јавно за тоа што всушност го работат, нагласил Коста.
Откако е отворен музејот во 2002. година, интересирањето на јавноста за техниките на шпионажа е се поголемо.
Следната година би требало да се преселат во нова зграда, а директорот Крис Коста ветува дека посетителите ќе можат да видат повеќе шпионски уреди, да слушнат повеќе приказни и да ја задоволат својата заинтересираност за тајниот свет на шпионажата.