Муслиманските гробишта во Виена не дозволуваат погребување на терористи

Сподели со своите пријатели

Муслиманските гробишта во 23. виенска општина одбија да го погребаат Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември изврши терористички напад бо главниот град на Австрија.

Loading...

– Алах ќе се пресмета со него. Но, и ние чувствуваме потреба нешто да направиме, изјави управникот на гробиштата Али Ибрахим.

Муслиманските гробишта во Австрија постојат од 2008 година и на нив би требало да биде погребан Фејзулаи, кој уби четири лица и повреди повеќе од 20 луѓе.

– Тој е убиец, кој уби невини луѓе и со тоа им нанесе штета на сите муслимани, посочи Ибрахим.

Тој додаде дека за одлуката е информирана исламската заедница, која го поддржала. Ибрахим посочи и дека другите верници изјавиле дека не сакаат да бидат погребано покрај убиец.

Фејзулаи, кој беше убиен по нападот од страна на полицијата, Сега тој може да биде погребан на муслиманските гробишта во покраината Форарлберг или во Северна Македонија, од каде е по потекло.

Марина Илиевска

Leave a Reply