Во Александрија во Египет во 1991 година родено е едно девојче, но тоа веќе не постои. Сепак далеку од Африка, во Глазгов, Шкотска, еден човек нема крштеница. Тој се нарекува Адам Кашмири и тој некогаш бил тоа девојче.
Растејќи во Египет, зборот трансродна личност никогаш не се споменувала.
Ми требаа неколку години да сфатам кој сум. Мислев дека сум единствена личност во светот која се чувствува така.
Патот на Адам бил опасен. Заминал од Египет поради страв за својот живот. Бил една од двете ќерки и никога не сакал да носи фустани. Од десеттата година навистина посакал да е момче.
Се сеќавам дека на родителите и соседите им реков дека сакам да сум момче. Тоа беше искрено. Мислев дека би сакал да сум момче и да се играм на улица и да останувам доцна – се присеќава тој.
Но, немал со кого да разговара за тоа, а во египетската конзервативна муслиманска култура, мажите и жените мора да се придржуваат до строги правила на родно-стереотипско однесување. Иако хомосексуалноста не е посебно забранета во Египет, ЛГБТ лицата често се осудени по закони за разоружување на земјата. А ситуацијата се влошила во 2013 година кога доаѓа на власт Абдел Фатах ел Сиси.
Во изминатите неколку години стотина ЛГБТ лица биле приведени, а транс лицата често вознемирувани и физички злоставувани.
Во 18 година бил отпуштен од работа поради тоа што не сакала да се облекува очекувано од женски работник и тогаш неговиот живот го допрел дното.
Бев зависник од дрога, па пиев многу алкохол. Започнав да земам дрога слична на хероинот и тоа навистина ја промени мојата личност. Тогаш се случи инцидент со татко ми и си замианв од дома.
Адам за ВВС раскажува како траела операцијата за промена на полот. Имав две операции за да добијам машки полов орган.
Земаа кожа од мојата рака, со нервни завршетоци и артерии и ми направија пенис – вели Адам.
Оваа година е клучна за Адам, се оженил и започнал да игра во претставата која е инспирирана од неговиот живот.
https://www.facebook.com/bbcnews/videos/10155041218367217/
Loading...