Мурињо го посакува Балотели во Јунајтед

Сподели со своите пријатели

Фудбалерот на Ливерпул, Марио Балотели би можел да оствари изненадувачки трансфер во Манчестер Јунајтед, бидејќи веќе обавил разговор со менаџерот Џозе Мурињо.

Како што пренесува англискиот „Дејли Експрес“, Мурињо бара од контроверзниот напаѓач да ги намали финансиските влогови, а голема улога во целата работа има Мино Рајола, менаџерот кој ги застапува двајцата.

Колку Рајола е влијателен оваа лето на „Олд Трафолд“ зборува и тоа што во Јунајтед неодамна ги доведе своите клиенти Хенри Мхтарјан, Златан Ибрахимовиќ и Пола Погбу.

Португалскиот експерт верува дека може да ја освежи кариерата на Балотели со кој успешно има соработувано во Интер.

Балотели во 2014 година премина во Ливерпул од Милан за 20 милиони евра, но не ги исполни сите очекувања, како и на позајмицата помеѓу Росонери, минатата сезона.

 

Loading...