Мундијалот ја спаси британската економија

Сподели со своите пријатели

Британската економија ги изненади аналитичарите забележувајќи раст од 0,1 отсто во ноември 2022 година, соопшти Канцеларијата за национална статистика на Обединетото Кралство.

Loading...

Шестата по големина светска економија во октомври минатата година забележа раст од 0,5 отсто.

Ова е добра вест за економијата, која забележа негативен раст меѓу јули и септември.

Негативен економски раст три месеци по ред е дефиницијата за рецесија.

Новите податоци покажуваат дека понатамошниот пад можеби е запрен, но ништо нема да биде јасно додека не се појават податоците од декември 2022 година и јануари оваа година.

Министерот за финансии Џереми Хант ги поздрави најновите економски статистички податоци, посочувајќи дека тие „треба да се држат до сегашниот план за преполовување на инфлацијата до 2023 година за да може економијата да продолжи да расте“.

Аналитичарите сметаат дека растот на економијата треба да се припише на Светското првенство во фудбал, кое ги намами граѓаните во пабови каде трошеа многу повеќе од вообичаено.

Сите информации за економско-енергетската криза во Македонија, регионот и светот можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...