04.05.2019 11:34

Мухамед најпопуларно име во Германија за 2018 година


Мухамед било најпопуларното име за новороденчињата во Берлин минатата година, јавува Дејли мејл повикувајчи се на германскиот Билд.

Здружението за германски јазик открило дека името Мухамед се наоѓа меѓу десетте најпопулари имиња во дури шест германски сојузни покраини.

loading...

Покрај популарноста во Берлин, оваа име со арапско потекло се нашло на врвот на листата и во Хамбург, Северна Рајна-Весфалија, Сарланда и хесен. Кога станува збор за Германија во целина, името Мухамед се наоѓа на 24та позиција.

Мухамед е име кое во Берлин скокна од шестото на прво место како најпопуларно име за момчиња, па се смести пред Луј и Емил, а управната директорка на претходно споменатото здружение Андреа Евелс рекла дека порасто на популарноста на оваа име се врзува со бранот миграции.

Евелс минатата година исто така рекла дека оваа име би можело да влезе во топ десет најпопуларни имиња за бебињата во земјата до 2021 или 2022 година.

Повеќе од милион мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка влегле во Германија, откако канцеларката Ангела Меркел ги отвори вратите на земјата во 2015 година.


© Со преземање на содржината ги прифаќате Условите за преземање содржини
Loading...

Последни наслови

Facebook Comments