Мудри зборови на старец кој живее на планината Голија

Сподели со своите пријатели

Постојано се бориме за пари и богатство, често заборавајќи на нашите најмили, заборавајќи ги луѓето од нашето опкружување кои ни значат многу во животот. Во трката за пари се изгуби системот на вредности и премногу внимание се обрнува на некои маргинални работи, воглавно материјални. Но, што се тоа вистински вредности, потсетува еден српски мудрец кој живее во планинско село на планината Голија во областа Рашка во Србија.

Loading...

Во прашање е Лазар Прељиќ кој има 89 години.

На прашање што е заедничко за сите луѓе во светот, дедото вели:

– ”Тоа што им е досадно детството, што брзаат да пораснат, и што потоа сакаат да бидат деца. Што го трошат здравјето за да се стекнат со пари, па потоа да ги трошат парите за да го вратат своето здравје. Што живеат како никогаш да нема да умрат, а тогаш умираат како никогаш да немаат живеено, вели Прељиќ.

Лазар потоа споделува многу битна порака за младите луѓе.

 

”Да научат дека никого не може да го присилат на љубов. Дека не е највредно она што го поседуваат, туку дека е најбитно кои се тие во својот живот. Да научат дека не е добро да се споредуваат со останатите. Дека не е богат оној човек кој има најмногу, туку оној на кој му треба најмалку. Да научат дека е доволно само неколку секунди длабоко да се повреди саканото суштество, а потоа се потребни години да се излекува. Да сфатат дека постојат луѓе кои нежно ги сакаат, а кои не знаат тоа да го кажат, ниту да го покажат. Да научат дека со парите може да се купи многу, односно се` освен среќата. Дека две лица може да набљудуваат една иста работа, а да ја гледаат различно. Да научат дека вистинскиот пријател е оној кој ги знае твоите маани, а кој сепак те сака, вели дедо Лазар.
 

Дали после овие зборови ќе застанеме сите на момент и ќе се запрашае дали грешиме некаде?

Ќе повлечеме ли ”рачна” и ќе почнеме ли да обрнуваме внимание на светот околу себе?

Од нас зависи, нели?

Loading...


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.