Му се расипал автомобилот, па првиот работен ден пешачел 30 километри – од шефот добил неочекуван подарок (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Работник на една компанија во САД добил неочекуван подарок на првиот работен ден.

Откако пешачил 32 километри за да стигне на време на работа првиот работен ден во една компанија во САД, сопственикот му подарил автомобил.

Волтер Кар пешачел цела ноќ низ предградието Бирмингем во Алабама, за да на време пристигне на работа, откако автомобилот му се расипал.

Откако за тоа слушнал извршниот директор на компанијата за селидба „Белхопс“, Лук Марклин, се сретнал со Волтер првин на кафе, а потоа му предал клучеви од авомотил – Форд ескејп од 2014. година.

Loading...

– Фасциниран сум со она што Волтер го направи. Се што направи е точно што и оваа фирма – пожртвуваност и истрајност, навел Марклин.

Волтер на тој чин реагирал со прашањето: „Сериозно го мислите тоа?“, а потоа го прегрнал марклин и ги прифатил клучевите.

Онлајнг кампањата за помош да се поправи автомобилот на Волтер достигна 8.000 долари пред да биде затворена. Подоцна повторно е отворена и соберени се над 50.000 долари.

Leave a Reply