Му купила телефон на синот, но поставила и одлични правила

Сподели со своите пријатели

Мел Вотсон одлучила на својот 12-годишен син да му купи мобилен телефон, но и да преземе некои мерки за да се осигура дека ќе го користи на здрав и безбеден начин. Поради тоа направила договор во кој напишала 17 правила кои нејзиниот син мора да ги почитува ако сака да го користи телефонот.

Loading...

– Да бидам искрена, мислам дека на младите тинејџери не треба да им се даваат мобилни телефони на кои имаат пристап на социјалните мрежи, но не сакав да бидат родител кој тоа не го дозволува. Пораснав со родители кои не ми дозвлуваат да имам телефон и поради тоа се чувствував помалку изолирано, а тоа баш и не е убаво чувство, рекла Мел.

Еве ги правилата кои ги поставила.

  1. Доколку телефонот го скршиш или изгубиш, ќе мора сам да ја платиш штетата или да купиш нов. Овј телефон го обезбедивме со заштитно стакло и маска.
  2. Секогаш одговорај на повикот на родителите. Ако не можеш д асе јавиш, испрати ни порака или јави се што побрзо. Ако не се јавиш, ќе почнеме да те бараме.
  3. Кога ќе ја пречекориш месечната сметка, нема да можеш да дополнуваш до следниот месец. Имаш апликација на која можеш да видиш колку имаш на располагање.
  4. Мобилниот телефон не се користи во соба.
  5. Мобилниот телефон ќе го дадеш на родителите пред да одиш на спиење.
  6. Нема испраѓање пораку никому пред 07:30, некои луѓе спијат.
  7. Придржувај се до училишните правила кои се однесуваат на користењето мобилни телефони.
  8. Не фотографирај луѓе кои не се свесни за тоа, а тука спаѓаат и странци. Тоа особено важи ако некој убаво те замоли да не фотографираш.
  9. Не поставувај на социјалните мрежи за себе и сестрите ништо што не би сакал твојата мајка и баба да видат.
  10. Не ги „тролај“ луѓето на социјалните мрежи – никому не пишувај нешто што не би можел да им го кажеш во лице, инаку тие профили ќе бидат затворени.
  11. Лозинките за сите профили секогаш мора да ни бидат достапни, што и да мислиш. Ако ја промениш лозинката без наше знаење, ти го одземаме телефонот и ги гаснеме профилите.
  12. Ако немаерно избришеш или сокриеш нешто на телефонот, социјалните мрежи или мејлот, ги затвораме профилите.
  13. Памти што кажуваш или пишуваш. Може да се случи кога ќе напишеш нешто тоа да изгледа многу поразлично од она што си го мислел.
  14. Она што ќе го објавиш на социјалните мрежи секогаш останува тука и сите можат да го видат.
  15. Ако некој те вознемирува, покажи ни. Немој да криеш.
  16. Сфати дека да се има свој телефон и сим картичка е голем привилегија – тоа не е ништо што ти е неопходно.
  17. Било какво насилство или проблеми кои би не навеле да изгубиме доверба во тебе, ќе доведат до одземање на телефонот.

Во овој договор, мајката навела и дека правилата ќе бидат изменети кога момчето ќе наполни 15 години. Во меѓувреме, тие правила ги споделила на својот Фејсбук профил и го воодушевила останатите родители, кои ја пофалиле нејзината идеја.

Leave a Reply