Му го исекла пенисот на сопругот па го фрлила во ВЦ школка, причината БИЗАРНА

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишна жена го отсекла пенисот на својот четири години постар сопруг затоа што премногу време минувал играјќи голф. Таа мажот го осакатила додека тој спиел по што неговиот полов орган го фрлила во ВЦ школка.

Според наводите на јужнокорејските меидуми, соседите на брачниот пар кој живее во градот Јеосуу, во сред ноќ случнале врескање од страна на несреќниот човек. Веднаш отишле во станот на соседите и го пронашле мажот како лежи на подот во агонија.

Тој се превиткуваше од болки во локва крв, а таа со неговиот пенис замина во бањата, го фрли во ВЦ школката и пушти вода. Не можам да верувам дека тоа го направи. Изгледаа како складен и среќен пар – раскажуваат соседите.

Како додаваат, веднаш повикале полиција, која бргу доша и ја привела госпоѓа Ким, а итната помош го одвела гоподинот Ким во болница.

Рече дека нејзиниот сопруг премногу време минува играјќи гоф и дека никогаш не и давал пари. Исто така изјави дека во повеќе наврати бил насилен кон неа – открива извор од полицијата.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.