МТСП: Во првите три месеци од социјалната реформа детскиот додаток се исплаќа на 20.230 деца

Сподели со своите пријатели

Во првите три месеци од спроведувањето на социјалната реформа детски додаток се исплаќа на 20.230 деца, што е за три пати повеќе од претходно. Оваа бројка очекуваме да расте, и ги повикуваме  родителите кои се корисници на Гарантиран минимален приход, или имаат минимална плата да аплицираат во меснонаделжните центри за социјална работа за користење на ова право.

Loading...

Со социјалната реформа Министерството за труд и социјална политика ја прошири достапноста на детскиот и образованиот додаток за неколку категории семејства. Освен, примателите на социјална помош, сега овие два надоместоци може да ги користат и тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13. 800 денари и петчелените семејства со приходи до 15.000 денари.

Со социјалната реформа обезбедивме поправедна распределба на додатоците наменети за децата, со што директно влијаеме на намалување на сиромаштијата, посебно на детската сиромаштија. На овој начин се овозможува еднаков старт во животот за сите деца.

Leave a Reply