МТСП: Вчера минале 13 бегалци инвалиди, а 16-годишно момче барало азил

Сподели со своите пријатели

Во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи, од Министерството за труд и социјална политика информираат дека во текот на вчерашниот ден минале вкупно 1.527 бегалци низ Транзитниот центар Табановце.

Од нив 13 лица биле инвалиди, едно лице без документација, седум бремени жени и вкупно 320 деца. Меѓу нив и шеснаесетгодишниот Хасан Ал Халак кој побарал признавање право на азил во Република Македонија.

Хасан Ал Халак роден на 29-ти ноември 1999 година, со возило на Министерството за труд и социјална политика бил префрлен до Центарот за баратели на азил во Визбегово со придружба на стручни лица од тимот на невладината „Ла Страда“.

Инаку на 24-ти овој месец тимовите на Итната медицинска помош укажале интервенција кај две лица и тоа дете родено во 2005 година, Харун Војси од Ирак на кого му е издадено ампуларна терапија по извршениот лекарски преглед.

Во Вториот случај станува збор за Мухамет Азим роден во 1984 година по потекло од Авганистан, на кој исто така му е издадена ампуларна терапија од екипите на Итната медицинска помош, стои во извештајот на Регионалниот центар за управување со кризи.