МТСП: По промената на власта започна навремена исплата на правата за социјална парична помош

Сподели со своите пријатели

Министерството за труд и социјална политика навремено ги исплаќа паричните надометоци од областа на социјалната заштита и помош и нега од друго лице, информираат надлежните.

„Да потсетиме, правото за социјална парична помош и помош и нега од друго лице, од 2012 до 2017 година беа исплаќани со три месеци доцнење, односно средствата за ноември беа исплаќани во месец февруари. Од ноември 2017 оваа пракса е променета и правата за месец ноември се исплатени во месец декември 2017 година. Ова ќе биде редовна пракса и динамика на исплата и нема потреба од загриженост кај корисниците.

Причината поради која исплатата за декември не се реализира во предвидениот рок до 15 Јануари  се должи на законската обврска секоја нова календарска година од страна на Владата на Република Македонија да се усвојува Програма од социјална и детска заштита. Врз основа на оваа Програма се врши исплата на правата. Ова е застој од техничка природа заради запазување на процедурите и истиот веќе е надминат.

Програмата е усвоена од страна на  Владата, а Министерството за труд и социјална политика веќе ги исплати правата од областа на социјалната заштита“, стои во дописот од МТСП.

 

Loading...