МТСП: Онлајн обуките за воспитувачи придонесуваат во подигнувањето на квалитететот на предучилишното образование

Сподели со своите пријатели

Како дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, Министерството за труд и социјална политика започна со реализацијата на серија онлајн работилници наменети за зајакнување на компетенциите на практичарите во системот на предучилишно образование.

Loading...

„Целата на овие обуки, кои во овој период, заради препораките и протоколите за заштита од Ковид-19 се одржуваат по електронски пат, е да им се пренесат нови знаења и вештини на избрани воспитувачи од предучилишни установи ширум земјата кои понатаму ќе ги пренесат овие стекнати знаења на своите колеги, со што ќе се зајакне нивниот професионален развој, а со тоа ќе се овозможи натамошно подобрување на квалитетот на предучилишното образование во земјата“, објаснува Елизабета Куновска од Министерството за труд и социјална политика, Менаџер на Проектот за подобрување на социјалните услуги.

Работилниците се дизајнирани според најдобрите светски практики и истражувања во областа на развојот на малите деца кои се базираат на невроедукација, учење преку игра и учење засновано на решавање на проблеми. Во нивната реализација е вклучена проф. д-р Реберка Гренџер-Елис од универзитетите Џон Хопкинс и Њу Орлеанс во САД. Таа е еден од водечките светски експерти во областа на социо-емоционалниот развој на децата, со повеќегодишно искуство во реализација на програми кои се базирани на научни истражувања за деца во предучилишно и основно образование, вклучувајќи и надарени и деца со потешкотии во учењето и развојот.
До крајот на оваа и почетокот на идната година планирано е да се одржат вкупно шест вакви онлајн работилници. Инаку, тие се дел од втората компонента од Проектот за подобрување на социјалните услуги што се реализира со поддршка на Светска банка, а го спроведува Министерството за труд и социјална политика во рамки на сеопфатната реформа на системот на социјални услуги и на предучилишно образование во земјата.

Интегрално соопштение:МТСП

Leave a Reply