МТСП: Не можеме да одговориме на барањата на семејството Стефановски, ја одбија понудата за сместување

Сподели со своите пријатели

Во врска со објавениот прилог за случајот со семејството Стефановски, објавен на 03.08.2017-та година на порталот Кумановски Муабети, www.kumanovskimuabeti.mk, Јавната Установа Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово информира дека од страна на оваа институција и Министерството за труд и социјална политика беа превземени следните активности:

Loading...

На самиот ден на пожарот веднаш по добиеното сознание од медимуите директорката на ЈУМЦСР заедно со стручен тим направи увид на местото на настанот.

Согласно законските можности, Центарот за социјална работа Куманово на ова семејство му ги понуди сите расположливи инструменти, а тоа се:  привремено сместување на семејството (во Домот за бездомни лица Чичино Село или во Интернатот Професор Мијалковиќ во Куманово) и еднократна парична помош. Од страна на господинот Стефановски беше одбиена понудата за привремено сместување.

Иако нашата институција и Министерството за труд и социјална политика навистина превземаа итни мерки на помош и заштита за решавање на проблемот на семејството Стефановски, за жал,не сме во можност да одговориме на барањата на господинот Стефановски, а тоа е да му биде изградена куќа и веднаш да биде вработен на неопределено време.

Инаку, семејството Стефановски е во редовна комуникација со Центарот за социјални работи- Куманово од самиот ден на немилиот настан, каде ги добива сите стручни совети за остварување на неговие права согласно законската регулатива.