МТСП: Априлската минимална нето плата 12.507 денари

Сподели со своите пријатели

Минималната бруто плата се усогласува за 3,3% и ќе изнесува 17.943 денари, односно нето 12.507 денари.

Loading...

Согласно Законот за минимална плата усогласувањето ќе започне да се применува со исплатата на платата за месец април годинава.

-Во моментот бруто минималната плата во Македонија изнесува 17.370 денари, односно 12.165 денари во нето износ. Со последното усогласување минималната плата ќе порасне за 573 денари во бруто износ, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Согласно Законот минималната плата се усогласува со по една третина од порастот на просечно исплатената плата, трошоците на живот и бруто домашниот производ.

За усогласувањето на висината на минималната плата вчера свое мислење даде и Економско- социјалниот совет, во кој освен владини преставници учествуваат и синдикатите и работодавачите.

Leave a Reply