Самопрогласен пророк од Јужна Африка кој тврди дека оживеал починат човек, се наоѓа под закана од тужби на група тамошни погребници кои наведуваат дека биле изманипулирани.
Пасторот Алф Лукаку е познат по многу естрадизирани служби, но една од последните снимки предизвика бурни реакции затоа што прикажува наводен мртвак кој на повикот на пасторот станува од ковчегот и оди на запрепастување на сите присутни.
Пасторот за време на службата има цела организација околу себе така што се повеќе наликува на цикурска претстава, започнувајќи од оркестар, златен микрофон со циркони…
Меѓутоа, покрај исмевањето на социјални мрежи, снимката од наводното воксреснување наишла и на сериозни критики дека станува збор за манипулација.
– Чуда не постојат, но очајни луѓе сакаат да веуваат во нив. Ваквите работи се измислени за да им се земаат пари на несреќните и безнаденжни луѓе, соопштила Комисијата за промоција на културна заштита, религиски и јазични заедници.
Три погребални компании кои тврдат дека биле изманипулирани за да учествуваат во измамата, сега започнуват постапка против популарниот пастор.
Црквата на пасторото Лукаку не одговарал на повиците на новинарите.