МРТ одлучи – Калиопи повторно ќе не претставува на Евровизија

Сподели со своите пријатели

Македонската Радио Телевизија ја донесе одлуката за следниот Евросонг во 2016 година претставник на Република Македонија да биде поп пејачката Калиопи.

Loading...

Овогодинешното издание на Евровизија ќе биде 61-то по ред, а во мај ќе се одржи во Стокхолм, Шведска.

Не се сомневаме дека со изборот на Калиопи за македонски претставник на Евросонг 2016 ќе се добие комплетен “евровизиски музички пакет” – спој на атрактивност, автентичност и исклучителни вокални можности во контекст на достојното претставување на Македонија пред европската и светска културна јавност – пишува на стајтот на МРТ.

Инаку Калиопи е веќе добро позната на европската музичка сцена по својот настап од 2012 година кога не претставуваше во 2012 година и кога по неколку години неуспех, таа овозможи Македонија да биде дел од финалето.

На песната македонската пејачка ќе работи со својот поранешен сопруг, композиторот Ромео Грил, кој и овој пак ќе го направи конечниот музички производ, со како што велат од МРТ, афирмативен национален карактер.

Офијцијалната верзија на евровизиската песна ќе биде претставена кон крајот на февруари.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.