МРК Куманово во самиот финиш вчера беше поразен на гостувањето во Прилеп со 33-32 во рамки на второто коло од домашната Супер лига.
Прилепчани водеа и на паузата меѓу двете полувремиња 18-16 , но победата ја заверија дури во претпоследната минута од натпреварот.
Најефикасен ракометар кај победничкиот состав беше Димитар Димитриовски со 12 погодоци, а на спротивната страна девет голови постигна Гиљерме Да Силва Фернандеш.
Во следното коло МРК Куманово ќе игра со Еурофарм Пелистер 2, додека Прилеп ќе гостува кај екипата на Бутел Скопје.
Никола Ивановски