МРК Куманово утре против Радовиш

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово утре го играат четвртиот натпревар од плеј аут завршницата во домашниот шампионат.

Loading...

На гостински терен за противник ќе го имаат составот на МРК Радовиш.

Кумановци влегуваат како апсолутен фаворит во мечот, со оглед дека од досега одиграните натпревари за опстанок во Супер лигата бележат три победи од исто толку натпревари што ги става на првата позиција во табелата.

Од друга страна составот на Радовиш засега нема ниту една победа и се наоѓа на последното место.

Утрешната средба се игра во Радовиш со почеток во 18 часот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!