МРК Куманово се засили со уште еден српски ракометар

Сподели со своите пријатели

Никола Бечејац е нов ракометар во составот на Машкиот ракометен клуб Куманово, а денеска стави потпис на својот договор.

Loading...

Дваесет и шестгодишниот Бечејац че биде добредојдено засилување за тимот кој очекува да го подобри својот резултат во пресрет на вториот дел од натпреварувачката сезона.

Бечејац потекнува од Нови Сад и има настапувано за Пролетер Зрењанин, Југовиќ Каќ, Рудар Костолац, Искра Бугојно, Босна Високо, но тој во својата кариера има и интернационално искуство бидејќи има настапувано во екипите на Нортхајмер од Германија и Хапоел Кирјат Оно од Израел.

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово реализира бројни проекти со поддршка на меѓународни институции и прекугранични проекти