МРК Куманово поразен од Еурофарм Пелистер 2

Сподели со своите пријатели

Ракометарите на Куманово забележаа пораз на домашен терен во вчерашниот меч од 3. коло од домашната Супер лига.

Вториот тим на актуелниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер славеше со 30-28 на гостувањето во Куманово.

Најефикасни кај победниците беа Белистојаноски со седум голови, а исто толку погодоци запиша и Марковски.

Тоше Ончев беше најрасположен кај домаќините со девет гола, од кои четири врзани во периодот од 53. до 59. минута, а Александар Стојков имаше седум гола.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи последната седница во овој состав