МРК Куманово денеска му гостува на тимот на ГРК Охрид во рамките на 9. коло од машката ракометна Супер Лига.
Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „Биљанини Извори“ во Охрид, со почеток во 16:00 часот.
Ова ќе биде последен натпревар пред паузата што следува поради репрезентативните настапи во рамките на ЕХФ неделата и собирот на македонската машка репрезентација.
Избраниците на тренерот Љубиша Димковски ќе се обидат да продолжат со добрите игри и да се вратат од Охрид со нови бодови, додека домашниот состав ќе настапи со цел да ја искористи поддршката од своите навивачи и да впише позитивен резултат.
Никола Ивановски

