Морскиот мраз долж северна Аљаска исчезна многу порано од вообичаеното оваа пролет, што ги вознемири жителите на брегот кои се потпираат на дивите животни и рибите.
Мразот се стопил при исклучително топлите температури на океанот, известува Енкораџ дејли њуз, а пренесува АП. Раното топење било „лудо“, изјавил Џенет Мичел од Кивалин.
Во најсеверниот град на Аљаска ноќта трае 65 дена (ФОТО)
Ловците од нејзиното семејство кон почетокот на јуни патувале со брод повеќе од 80 киометри за да пронајдат брадести фоки на мраз.
Претходно фоките можеле да се ловат веднаш надвор од селото, но морскиот мраз ги одалечил далеку на север.
– Не знаевме дали ќе имаме зимска храна. Тоа беше страшно, рекла таа.
НАУЧНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: Овие езера започнаа да испуштаат меури (ВИДЕО)
Рик Томан, климатолог од Центарот за климатска проценка и политика на Аљаска на Универзитетот Аљаска, Фербанкс, објавил минатата седмица дека северното Берингово море и јужното Чукотско море „пржат“.
Температурата на површината на морето минатата недела била дури пет степени над просекот за периодот 1981-2010година, со ефектите на климатскиот систем, храната, заедницата и трговијата.
10 држави кои наскоро можеби нема да постојат
Последните пет години се бележат и најтоплите температури на морската површина во регионот, што допринело за рекордно ниско ниво на морскиот мраз.