НАУЧНИЦИТЕ ВО ПАНИКА: Овие езера започнаа да испуштаат меури (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Езерата ширум Аљаска и Сибир започнаа да испуштат меури на метан, а оваа испуштање на гасови кои создаваат ефект на стаклена градина ги загрижи научниците.

Глобалното затоплување го топи пермафростот, штетните гасови се испуштат во атмосферата, но лошата вест е што овој процес се одвива побрзо од очекуваното.

Минатиот месец американската вселенска агенција НАСА објави снимка од арктични езера полни со меури кои се последица на малку познатиот феномен на „нагло одмрзнување“. Тоа се случува кога пермафростот – „вечниот снег и мраз“ односно тлото кое било под мраз илјадници години – се одледува побргу од очекуваното.

НИ СЛЕДУВА ПЕКОЛНА ИДНИНА: Глобалното затоплување ги надминува предвидувањата

Loading...

На научниците веќе долго им е познато дека отопувањето на пермафростот има потенцијал да испушта големи количини метан во атмосферата. Како органската материја која била заробена во тлото се одмрзнува, таа се разложува и распаѓа испуштајќи јаглерод и метан. Но, тој процес бил спор, а она што научниците не го земале предвид е наглото одмрзнување.

Коа оваа количина би се испуштила во атмосферата би дошло до огромни климатски промени. Вкупно има околу 1.500 тони јаглерод заробен во пермафростот, што е скоро двојно поголема количина од моменталниот јаглерод во атемосферата, наведува Њузвик.

Во минатото, кога животните форми биле засновани на јаглерот умирале на Арктикот, се заледувале пред да имаат време да се распаднат. Сега, со се повисоките температури во риогнот, микробите во  штотуку одмрзнатото арктичко тло ги разложуваат овие заледени органски тела, испуштајќи јаглероден диоксид и метан во атмосферата.

Според истражувањата на НАСА, наглото одмрзнување се одвива под т.н. термокраст, односно одмрзнувачки езера. Научниците пресметале дека наглото одмрзнување е повеќе од двојно зголемено од минатата проценка што допринесува за одмрзнување на пермафростот и глобално затоплување.

Исто така дошле до заклучок дека луѓето не можат многу да направат за да го запрат тој процес. Дури и кога би се намалила емисијата на штетните гасови, наглото одмрзнување би продолжило да испушта големи залихи метан во атмосферата.

Глобалното затоплување најавува пекол на земјата

– Работите се само полоши. Наглото одмрзнување веќе се случува, но моментално со нерално забрзано темпо, но за неколку децении би можело да дојде до максимумот, наведува истражувачот Кејти Волтер Ентони, кој проучила околу 300 езера ширум арктичката тундра.

https://youtu.be/FkK2-r5r37g

Leave a Reply