Мрачното минато на семејството Сваровски

Сподели со своите пријатели

Австралискиот концерн се бори со совладување на своето нацистичко минато, а резултатите од анализата на минатото во два наврати исчезнале, укажува виенскиот дневник „Стандард“.

Loading...

Весникот додава дека е одобрено објавување само на пократка верзија.

Непосредно пред „Аншлусот“ на Австраија кон Третиот рајх, на 21 февруари 1938 година марширале 500 луѓе низ Ватенс, каде се наоѓа седиштето на компанијата.

Поголемиот дел од учесниците, според податоцит ена жандармеријата, биле вработени во оваа компанија, а меѓу нив и двајца членови на семејството Сваровски, Велхелм и Фридрих.

Маршот со факели бил завршен со „Зиг хајл“, „Хај Хитлер“, произлегува од делото на историчарот Дитер Штифел кој е објавен во еден стручен магазин.

Овој текст е кратка верзија на две книги, кои Штигел изминатите години ги пишувал за семејството Сваровски. Двете книги се занимаваат со улогата на компанијата и сопственикот за време на нацистичкиот период.

Двете книги до ден денес не смеат да бидат објавени, затоа што компанијата ги забранува, иако самите дале налог Штифел да изработи анализа на минатото.

– Сакаме проактивно да се однесуваме кон нашат аисторија, рекол Маркус Лангес – Сваровски, еден од највлијателните во семејството.

Loading...

Водечките личности на семејството Сваровски имале тесни врски со нацистичкиот режим, што доведува до отежнатост компанијата да се соочи со своето минато, затоа што се плаши од последиците.

Камен темелник за денешното претпријатие е поставен во Габлонц, кон крајот на 19 век, во местото кое било светски познато по производство на перли од стакло.

Даниел Сваровски во 1891 година развил машина за брусење сталко, кое овозможило индустриско производство на накит од стакло.

Еден еврејски трговец од Париз, Арман Косман, кој финансирал се, Даниел Сваровски и уште еден трет сопственик го основале претпријатието кое денес е познато низ целиот свет.

Набргу се преселиле во Ватенс, каде компанијата започнала да произведува поволен накит за широките маси.

Иднината на компанијата, покрај основачот, ја обележале и неговите синови Вилхелм, Фридрих и Алфред, кои биле први кај маршот. Тие управувале со компанијата во нацистичкиот период.

На темното минато на Сваровски семејството укажува и историчарот Хорст Шрајбер уште кон средината на 90те години, со текст за економската и социјалната историја на покраината Тирол.

ВО неа е наведено дека семејството Сваровски пред „Аншлс“, додека НСДАП во Австрија се уште била забранета, имала свои заслуги за нацизмот.

Loading...

Како доказ е наведен поадтокот дека најважните членови на семејствоот Сваровски по „Аншлусот“ добиле членски картички од блокот „илегални“, кои ги добивале само оние кои се залагале за партијата додека била забранета.

Шрајбер бил тој кој прв пишува за учеството на Сваровски во маршот, па расветлил дека Алфред Сваровски помеѓу 1943 и 1945 година водел привремена комора за оркугот „Тирол-Горарлберг“.

Иако тоа не била политичка функција, јасно е дека Алфред бил соодговорен за организацијата на воената индустрија.

Шрајбер укажува и дека рајхскомесарот Јозеф Брител ја пофалил компанијта Сваровски што уште пред Аншлусот е водена „јасно нацистички“.

Поради овие обвиненија семјството Сваровски дала налог за анализа на минатото од страна на историчарот Штифел.

Тој најпрвин напишал биографија на основачот на компанијата Даниела Сваровски, во која го третирал и времето на нацизмот, но тоа дело наишло на отпор кај налогодавачот.

Со Штифел било договорено да напише друга книга, која се занимавала само со нацистичкото време и отпорот на семјеството Сваровски.

Таа книга била отпечатена, но првите 500 примероци исчезнале во архивата на Ватенс, по новиот отпор на одредени сопственици на компанијата.

Loading...

Штифел вели дека комплескната семејна структура зад фирмата не знае точно кој имал забелешки. Нему му било одобрено да напише само статија за стручен магазин, што тогаш и направил.

Тој во својата статија напишал дека членовите на семејството имале различни мислења за нацизмот.

Вилхелм и Фридрих пристапиле во НСДАП уште во 1933 година, што историчарот Оливер Ратколб смета дека е „невообичаено“ ран пристап, кој покажува дека верувале во идеологијата.

Штивел пишувал и за присилните работници во концернот на Сваровски, укажувајќи дека во 1944 година секој шести до седми работник бил присилен, при што 124 биле од Западна Европа.

Компанијата, по војната, минала типична австриска приказна, па Даниел, Фридрих, Вилхелм, поради тоа што законот оневозможил лица кои измеѓу 1933 и 1945 биле членови на партијата, или други нцистички организации, да водат фирми, а воедно се заканувало и одземање на имотот, од претседателот на Австрија барале изземање.

Тие пишувале дека во нацистичката партија наводно влегле поради економски прични и дека избегнувале конфликт со тогашните власти, што многумина Австријци го тврделе по Втората светска војна.

Loading...

Барањето до претседателот го поддржала и Народната парија на Австрија, благодарение на која претседателот семејството Сваровски го симнал од листата „забранети“, со образложени дека компанијата е важна за стопанството, нуди работни места и дека е потребна.

Leave a Reply