Мрачната легенда за планинско езеро на кое никој не смее да му се доближи (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Езерото Машу во Јапонија се смета за едно од најбистрите езера во светот и е создадено со вулканска ерупција пред 2000 години.

Loading...

Тоа е дел од националниот парк Акан Машу на островот Хокаидо во северна Јапонија, а пражителите на Јапонија Аинуи, го сметале за свето, пренесува ББС.

Бидејќи е скриен со густа магла и се наоѓа во кратерот длабок 200 метри, кој стрмно се влече во езерските води, пристапот до бреговите на езерото е строго забранет од страна на јапонското Министерство за животна средина.

Тешкиот пристап до езерото не само што придонесува за неговата тајност, туку и ја зачувува чистотата на неговите води.

На јазикот на Аину, езерото Машу се нарекува Камуито езеро на боговите, а локалното население ја пренесува легендата за духот на жената која живее во нејзините длабочини. 4

Легендата исто така вели дека секој посетител кој ќе ја види површината на езерото, обично скриена во магла, ќе биде погоден од несреќа.

Мажите нема да имаат успех во бизнисот, а жените нема да можат да станат мајки до доцните години.

Езерото, длабоко 212 метри, е обвиено со магла сто дена во годината, и е едно од најдлабоките езера во Јапонија.

Loading...

Исто така е едно од најбистрите езера во светот, со видливост на вода до длабочина од 20 или 30 метри.

Пливањето, пловењето или риболов не се дозволени на езерото, но има места што им овозможуваат на посетителите да го видат мистичното езеро од безбедно растојание.