Можно е некои припадници на украинските безбедносни сили да сѐ уште се на територијата на фабриката за челик Азовстал во Мариупол бидејќи немало координација меѓу нивните команданти, изјави денеска заменик началникот на полицијата на самопрогласената Народна Република Доњецк Едуард Басурин.
„Некоординираноста на Генералната команда во Азовстал доведе до тоа секој да живее на свој начин, секој да се крие во својот агол, па можно е да ги најдеме“, рече Басурин, а пренесе ТАС С.
Тој додаде дека „целосното чистење“ на Азовстал треба да трае од две до три недели бидејќи се работи за голема територија.
„Има места за криење“, објасни Басурин.
На 20 мај руското Министерство за одбрана објави дека „целосно е ослободена фабриката за челик Азовстал“, која беше последната линија на одбрана на украинските сили во Мариупол.

