Летните температури стануваат повисоки, а сонцето не мами со своите зраци. Но, дали вашите домашни миленици се заштитени од УВ зрачењето?
За жал, сонцето не штеди никого.
Вашето куче исто така може да изгори, иако обожава да ужива на сонце во летните месеци.
Како и луѓето и кучињата можат да добијат и рак на кожа поради прекумерен престој на сонцето без заштита. Не заборавајте дека е задолжително нанесувањето крема со заштитен фактор соодветна за кучињата за да спречите тешки изгореници.
Чувствителна раса кучиња на сонце
Кучињата со тенки или светли влакна се поподложни на изгореници од сонцето, затоа што сончевите зраци побрзо можат да ја оштетат нивната кожа за разлика од расата со густи и темни влакна.
Најчувствителни подрачја
Кучињата најбргу горат на грбот, но не смееме да заборавиме ниту на другите изложени подрачја, вклучително муцката, ушите и стомакот кои исто така се многу чувствителни на сончевите зраци.
Не нанесувајте крема со заштитен фактор која вие ја користите, затоа што кучињата го лижат своето тело, а состојките во кремите за луѓе содржат цинк оксид или пара-аминобензоична киселина која е отровна за кучињата. За кучето секогаш бирајте креми за сончање наменети само за нив.
Алтернативни форми на заштита
Ако кучето не е миленик на кремата, постојат и кошули за кучиња кои ги штитат од сончевите зраци, но покрај тоа држете го кучето во затворен простор или во сенка кога сонцето е најсилно.
Како да ја лечите изгорената кожа на кучето?
Ако забележите дека врвовите на ушите се суви и испукани тоа е веројатен знак дека кучето изгорело на сонце. Кога кучињата кашлаат тоа исто така е знак.
Очигледни знаци, како што е црвената кожа кај луѓето, не секогаш се присутни кај кучињата, но ако ги забележите или ако кучето ви е необично топло на допир, веднаш префрлете го во ладовина и ставете студен или влажен пешкир околу него за да се смири иритираната кожа. Кучињата исто така можат да имаат температура доколку изгорат на сонце.