Може ли електричен автомобил на пат долг 1600 километри да биде побрз и поефикасен од бензинец? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

И покрај силната конзервативна енегргија, електричните автомобили стануваат се попопуларни и конкурентни секој ден, и по цена и по перформанси.

Loading...

Со цел да се споредат карактеристиките на електричниот автомобил и оној што се напојува со фосилни горива во пракса, јутуберот Маркес Браунли тргна на пат долг 1600 километри низ САД, во три различни автомобили. Бензинецот Ауди Q5 беше референца, а потоа го стори истото во Tesla Model S Plaid и Форд Мустанг Мах-Е.

Со натоварен автомобил, тој тргна од Њујорк и се упати кон Лејк Плесид, а потоа се до Нијагарините водопади. Ауди застана еднаш за полнење гориво, додека Тесла трипати застана на суперполнач. Конечно, Форд имаше проблеми бидејќи некои полначи не работеа, па застана на полначот шест пати. Ауди го заврши патувањето за 11 часа и 8 минути, а Тесла пристигна 47 минути подоцна. Форд е регистриран со задоцнување од пет и пол часа.

Враќањето беше закажано за вториот ден. Ауди пристигнува за 7 часа и 21 минута со еден резервоар, а Тесла со само 36 минути задоцнување и со три полнења. На Форд му беа потребни дополнителен час и половина и две постојки за полнење.

Сумирајќи се, Ауди беше најбрз со патот направен за 18 часа и 29 минути. Tesla Model S Plaid пристигнува час и 32 минути подоцна, а на Форд му беа потребни дополнителни 7 часа и 32 минути, пред се поради недостаток во мрежата на полначи. На страната на трошоците, Ауди потроши 84,79 долари за гориво, Тесла 66,35 долари за електрична енергија, а Форд најмалку, 61,25 долари.