Седници на органите на управување и конференциите може да се одржуваат без разлика на бројот на учесници, но притоа треба да се запзат сите мерки за заштита од коронавирусот.
Ова е една од олеснителните мерки кои на вчерашната седница ги донесе владата.
– Владата денеска ги донесе измените и дополнувањата на протокол за одржување на седници на органи на управување и конференции, според кој бројот на учесници не е ограничен, но потребно е задолжително да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2,0м2, и понатаму остануваат задолжителното носење заштитни маски на учесниците во текот на целиот настан, задолжителното обезбедување на средство за дезинфекција на рацете и на просториите, честото проветрување на просториите со задолжителни паузи, како и ограниченото групирање на присутните на не повеќе од 5 лица со задолжително одржување на физичко растојание, информираат од прес службата на Владата.
Никола Ивановски