Можат ли подземните гаражи да бидат извор на енергија за греење на зградите?

Сподели со своите пријатели

Подземните гаражи делуваат како грејачи на почвата, а според новото истражување од Германија и Швајцарија, генерираната енергија би можела да се искористи за загревање на зградите.

Loading...

Научниците од германскиот универзитет во Хале и од Технолошкиот институт Карлсруе, како и од швајцарскиот универзитет во Базел, ги анализирале температурите во 31 подземна гаража во различни градови во Германија, Австрија и Швајцарија.

Во шест од нив успеале да ја измерат температурата на подземните води во непосредна близина.

Резултатите покажале дека подземните гаражи ја загреваат подземната вода во текот на целата година.

На резултатите влијаеле зачестеноста на сообраќајот во подземните гаражи, нивната близина до подземните води и температурата на подземните води.

Вишокот топлина во почвата во иднина би можел да се искористи со помош на т.н топлотна пумпа.

Голем потенцијал за геотермална енергија

„Бидејќи јавните подземни гаражи често се закопани подлабоко и се користат пократко, тие повеќе ги загреваат подземните води отколку приватните објекти“, вели Максимилијан Ноетен, еден од авторите на студијата.

За 5.040 подземни гаражи во Берлин, тимот го искористи моделот за да го пресмета степенот на затоплување на подземните води. Научниците дошле до заклучок дека вкупната генерирана енергија може да обезбеди греење за најмалку 14.660 станови.

Loading...

„Топлината од подземните води сама по себе не е доволна за да ги покрие потребите за греење на град како Берлин или земја како Германија, ниту нивото на температурата на подземните води во близина на површината е доволно за загревање без топлинска пумпа“, вели Питер Баер, ко- автор на студијата.

„Сепак, од претходната работа знаеме дека потенцијалот за геотермална енергија оди подалеку од ова и може да игра значајна улога во одржливото снабдување со топлина“.