Можат ли луѓето да живеат многу подолго?

Сподели со своите пријатели

Ако луѓето научат да манипулираат со процесот на стареење, би можеле да живеат многу подолго.

Loading...

Перспективите во оваа област се прилично ветувачки, тврди истражувачот вообласта на молекуларната биологија.

Неодамнешните наоди пружаат јасни докази дека просечниот животен век би можел значително да биде продолжен, вели професорот Каим Кохен од Универзитетот Бар Илан во Израел.

– Можно е луѓето да ја надминат старосната граница од 120 години и дури да бидат во можност да живеат о 140 години, рекол истражувачот.

Досега најстарата личност, Французинката Жане Калмент доживеала 122 години.

Истражувањео е засновано на анализа на податоците за смртноста на луѓето од 1900 до 2010 година, како и на експериментите на животинските видови како што се глувци и муви.

Според мислењето ан Кохен, животниот век може да се зголеми за 30 отсто со промена на исхраната, одредени генетски процедури и употреба да одговарачки лекови. Истиот принципт може да се примени и на луѓето тврди тој.

Во исто време, тој истакнува дека целта не е само да имаме долг животен век, туку да бидеме поздрави.

Loading...

– Постарите луѓе денеска обично боледуваат од многу болести, рекол тој.

Во споредба со 19 век, сега значително се зголемени случаите на Алцхајмерова и Паркинсонова болест, затоа што има многу повеќе лица постари од 80 години, заклучил експертот. Истражувањето на Кохен, го поддржал и Џејмс Ваупел, директор на Институтот за демографски истражувања во Росток, Германија, „Мак планк“.

Според експертот, студијат ана израелскиот аналитичар е заснована на вниматлено и темелно истражување.

Leave a Reply