Мозес потпиша за Спартак Москва

Сподели со своите пријатели

Виктор Моузес се пресели во Спартак Москва од Челси како позајмен играч до крајот на сезоната, со опција за подоцнежен откуп.

Loading...

Спартак бараше десен бек и Серж Орие беше опција, но Моузес одговара на концептот иако е офанзивен играч.

Во систем со тројца играчи во дефанзивната линија, Моузес би ја покрил целата страна, а неговата кариера ја одбележаа позајмиците од Челси во Ливерпул, Стоук, Вест Хем, Фенербахче и Интер.

Играше во големи клубови, не му е чудно да ги смени позициите и да се прилагоди на идеите на тренерот, а дојде во вистинско време за Спартак.

„Црвено-белите“ повторно се конкурентни во борбата за титулата, по 10 кола имаат 21 бод, како и Зенит, со кои го делат врвот на табелата.

Влатче Зорба

Leave a Reply