Мотоциклист тешко повреден при сообраќајка во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишен мотоциклист од Куманово вчера се здобил со тешки телесни повреди, откако се судрил со пасат.

Loading...

– На 07.09.2020 во 18.10 часот на крстосница од бул.„Октомвриска Револуција“ и улиците „Ѓорче Петров“ и „Иво Лола Рибар“ во Куманово се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.М.(23) од Куманово и мотоцикл „јамаха ЗР 750“ со кумановски регистарски ознаки, управуван од С.С.(28) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во незгодата С.С. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Куманово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply