Мотоциклист и пешак од Куманово се здобиле со тешки повреди во сообраќајка

Сподели со своите пријатели

На 13.05.2017 година околу 16,00 часот во Куманово на булеварот „Октомвриска Револуција“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Фелинг“ без регистерски ознаки, управуван од И.В. (19) од Куманово, патничко моторно возило марка „Мерцедес“ со кумановски регистерски таблици управувано од М.П. (28) од Куманово и пешак Љ.Д. (33) од Куманово.

Во незгодата пешкот Љ.Д. и возачот на моторциклот И.В. се здобиле со тешки телесни повреди кои по укажаната лекарска помош во болница Куманово, двајцата како итни случаи се префрлени во Ургентен центар – Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. Се работи на расчистување на случајот, информираат од Министерството за внатрешни работи.