Еден мост во Шкотска стана познат по своите фатални настани. Кучињата од него скокаат во смртта од необјаснети причини, а локалните легенди раскажуваат дека светот на мртвите и светот на живите го среќаваат токму тука.
Мостот Овертун е изграден во 1859 година во близина на Милтон, во шкотскиот регион Дамбертон и стана познат по серија необјасниви настани.
Првите биле забележани во 1950-тите и 1960-тите години кога било забележано дека кучињата, обично кучиња со долги муцки, одеднаш и неочекувано скокаат од мостот во смрт.
Во некои случаи, кучињата го преживувале овој пад долг 16 метри, се опоравувале и се обидувале повторно.
Било забележано дека сите скокаат од истата страна и од истото место, што ја прави оваа необична појава уште потаинствена.
Некои веруваат дека мостот е прогонет, пренесува Дејли.
Во 1994 година, еден човек го фрлил своето дете од мостот, тврдејќи дека тој е антихрист. Истиот човек подоцна се обидел да се самоубие скокајќи од мостот.
Некои исто така веруваат дека мостот Овертун е место каде што се среќаваат светот на живите и светот на мртвите и понекогаш се преклопуваат.