Москва загрижена дека радиоактивни материјали биле доставени до Украина

Сподели со своите пријатели

Москва е загрижена поради можноста радиоактивни материјали да се доставуваат до Украина преку пристаништето Одеса и Черноморск и стравува од провокација во Придњестровје, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Loading...

– Не може, а да не се грижи дека такви работи се случуваат во непосредна близина на Придњестровје, каде режимот во Киев намерно поттикнува тензии. Не смее да се заборави дека споменатите пристаништа се дел од договорот за храна. Спонтано се поставува прашањето тие пристаништа и хуманитарниот коридор во целина да не се користат за некои други цели?“, изјави Захарова, пренесе Спутјик.

Причината за тој коментар се информациите во украинските медиуми за испораки на радиоактивни материјали до пристаништата во регионот Одеса.

Захарова привлече внимание на фактот дека властите во Киев не реагираа во оваа прилика.

– Судејќи според сè, режимот на Зеленски е подготвен, заради воена и финансиска помош од Западот, да искористи секоја прилика за ескалација на конфликтот. На тој режим не му е важно што таквите авантури можат да имаат катастрофални последици и огромни човечки жртви“, заклучи Захарова.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.