Москва: Воздушни напади врз украинските сили во Харков

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили изведуваат воздушни напади против украинската армија во областа Харков, објави руската новинска агенција РИА Новости.

Loading...

Ројтерс потсетува дека руското Министерство во неделата објави мапа на која се гледа како руските сили се повлекле од речиси целиот регион Харков, по контраофанзивата на украинската армија која започна минатата недела.

Украинскиот Генералштаб утринава на Фејсбук објави дека украинската армија во претходните 24 часа успеала да го избрка непријателот од повеќе од 20 населени места.

Еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави на Телеграма дека украинските војници овој месец повратиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија и продолжуваат да ги ослободуваат областите окупирани од Русија.