Руската воздушна одбрана синоќа собори 28 украински беспилотни летала над Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.
Loading...
„Седумнаесет украински беспилотни летала се уништени со воздушна одбрана“, објави Министерството на Телеграм, додавајќи дека „неутрализирани се уште единаесет дронови“.
Според извештаите, нема жртви или материјална штета.
Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, е редовна цел на напади со беспилотни летала од почетокот на офанзивата против Украина во февруари 2022 година.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.