Москва се подготвува за невреме: Најавени рекордни количества снег!

Сподели со своите пријатели

Во следните три дена во Москва ќе има обилни врнежи од снег, изјави шефот на руската метеоролошка служба Роман Вилфанд, најавувајќи дека висината на снежните врнежи до викендот ќе достигне рекордни 40-50 сантиметри, пренесе ТАСС.

Loading...

„Во среда, четврток и петок во Москва ќе врне силен снег. Најтешко ќе биде последниот работен ден со обилен снег, снежна бура, брзина на ветер до 17 метри во секунда и снежни наноси на патиштата“, рече Вилфанд.

Сепак, според него, извештаите кои најавуваат дека претстои „снежни врнежи на векот“ се претерување, бидејќи веќе овој век имало поголеми снежни бранови.

„По овие снежни врнежи, висината на снежните наноси ќе достигне рекордни 40-50 сантиметри“, изјави шефот на руската метеоролошка служба.