Москва: Одговорот на акумулацијата на НАТО трупи ќе биде соодветен

Сподели со своите пријатели

Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека одговорот на Москва на акумулацијата на војници на НАТО во Полска ќе биде пропорционален, пренесе агенцијата Интерфакс, повикувајќи се на изјавата на рускиот дипломат Олег Тјапкин.

Loading...

„Одговорот, како и секогаш, ќе биде пропорционален и соодветен, со намера да се неутрализираат потенцијалните закани за Руската Федерација“, рече Тјапкин, кој е вршител на должноста шеф за односите на Русија со ЕУ во Министерството за надворешни работи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски им се заблагодари на САД за пакетот помош за Украина