Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Вашингтон е во директен контакт со Москва во врска со заканите за употреба на нуклеарно оружје.
– Да, бевме во контакт. Многу е важно Москва да слушне од нас и да знае од нас дека последиците би биле страшни. И тоа го кажавме многу јасно – рече Блинкен во интервју за Си-Би-Ес, одговарајќи на прашањето дали САД биле во контакт со Русија поради заканата од нуклеарна војна.
Како што рече Блинкен, Кремљ има нуклеарен „синџир на команда“, но исто така е неизвесно дали некој би му рекол „не“ на рускиот претседател Владимир Путин доколку тој одлучи да користи нуклеарно оружје.
Државниот секретар на САД одби да сподели детали за тоа како САД ќе одговорат на евентуалната употреба на нуклеарно оружје, но рече дека администрацијата има план.
– Претседателот Бајден е решен дека правиме се што можеме за да им помогнеме на Украинците да се одбранат, како што правиме се што можеме за да ги собереме другите земји за да извршиме притисок врз Русија, оваа војна нема да се прошири – рече Блинкен како одговор на прашање дали е план што би ја спречил Третата светска војна.
Минатата недела Путин нареди делумна мобилизација, се закани со употреба на нуклеарно оружје и во обраќањето до нацијата рече дека Западот е наклонет да ја уништи руската татковина.
Блинкен рече дека реториката на Путин е неодговорна и додаде дека САД и изразиле загриженост на Русија за нејзините закани.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.