Москва ги отфрла обвинувањата за нарушување на воздушниот простор на НАТО

Сподели со своите пријатели

Русија во понеделник ги отфрли обвинувањата дека нејзините воени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјите-членки на НАТО, предупредувајќи дека таквите изјави го зголемуваат ризикот од ескалација на тензиите.

– Ги сметаме ваквите изјави за празни, неосновани и за продолжение на целосно неограничената политика на ескалација на тензиите и провоцирање на конфронтациска атмосфера – изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одговарајќи на новинарски прашања за обвинувањата на Естонија дека Русија го нарушила нејзиниот воздушен простор.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  На барање на Естонија, утре заседава НАТО