Москва ги обвини САД дека тајно ја спонзорираат Исламската држава во Авганистан

Сподели со своите пријатели

Со одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден, во ноќта на 31 август 2021 година, САД го завршија своето речиси дведецениско воено присуство во Авганистан.

Loading...

„Руската страна има информации дека Америка се обидува да воспостави контакт со противниците на сегашните авганистански власти и тајно ја спонзорира терористичката организација Исламска држава“, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Авганистан, директор на вториот азиски оддел на МНР на Русија, Замир Кабулов.

Според него, такви информации постојат и Американците тоа не го прават за добро, туку за штета, бидејќи, како што вели, навистина сакаат да се одмаздат за нивниот срамен воено-политички пораз во Авганистан и прават се за да не се воспостави мир во таа земја.

„Полошо од тоа е што покрај контактите со вооружената опозиција во Авганистан, англосаксонците тајно ги спонзорираат терористите на ИСИС, кои се против стабилноста не само на нашите централноазиски партнери, другите соседи на Авганистан, туку и против безбедноста на Русија“, изјави тој за ТВ Русија 24.

Кабулов со овие зборови одговори на прашањето дали во моментов има информации дека САД воспоставуваат контакти со оние сили кои организираат воен отпор кон властите во Кабул.

Со одлука на американскиот претседател Џозеф Бајден, во ноќта на 31 август 2021 година, САД го прекинаа речиси дводецениското воено присуство во Авганистан.

Американската армија го напушти аеродромот во Кабул, а по преземањето на талибанците, беше прекината испораката на меѓународна помош за земјата.

Привремената влада на талибанците не е призната од ниту една земја.

Loading...