Главниот руски преговарач Владимир Медински изјави денеска дека Москва е подготвена да ги рестартира мировните преговори со Украина.
Loading...
Медински изјавил дека за доцнењето на преговорите е одговорен официјален Киев, бидејќи се уште не одговорил на последните предлози од Русија, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на Интерфакс.
Повремени разговори меѓу двете страни беа одржани во март оваа година, вклучително и состанок на делегации на високо ниво во Истанбул, а оттогаш преговорите меѓу Русија и Украина се во застој, наведува британската агенција.